Повеќејазичниот и мултикултурен Грац

Sie sehen diese Seite über das multikulturelle und -sprachliche Graz auf Mazedonisch

Приказната за  градот  создаден околу стрмните стени на кој е издигната кулата во форма на часовник ″Schlossberg″  совршено поделен со  текот на реката Мур има долга и фасцинанта историја која  датира од  пред  околу 3000 години во времето на бакарното доба.
Денес Грац е главен економски центар  на  регионот  Штаерска и вториот по големина град во Австрија,  кој претставува не само значителен економски  и индустриски центар во југоисточниот дел на Австрија туку  има  и значително влијание и  бизнис конекции во Југоисточниот дел на  Европа. Грац е град на претпријатија од светски размери, безбеден град,  со ниско ниво на криминал кој  на своите 250 000 жители им нуди најдобри можности за образование, атрактивни услови за живот, одлична медицинска грижа и социјална заштита. Вработените во овој град  имаат високо ниво на образование, а речиси една четвртина имаат завршено факултет.
Повеќејазични корени.
 Самото име  на градот укажува на повеќе јазични корени, кое имено доаѓа од словенскиот збор ″градец″ што во превод би значело  мала тврдина  која била населена помеѓу 6 тиот и 8 миот век од Словените. Од  8 миот  век се  асимилирале со Баварците и Франките  и се христијанизирале.
Историските податоци за овој град датираат од  1128 година. Два и пол века потоа, 1379 година  тој станал резиденција на Хабсбург до 1619.  Во наредните векови италијанските архитекти  заземаат голема улога во  стилот на изградба, претопувајќи  го  во  стилот на ренесансата  чие сведоштво е и ″Schlossberg″. Иако никогаш не бил  освоен, тој сепак бил разрушен за време на  војната на Наполеон 1809 тата. Сепак жителите на Грац го купуваат остатокот како и кулата звонче и тоа  до денес  го претставува главниот симбол на градот.
Мултикултурна традиција.
Грац е една голема раскрсница на која се среќаваат и сплотуваат европските култури. Тука се чувствуваат романски, словенски, маџарски и секако германски влијанија. Кој го има прошетано стариот град тој  несомнено  може да ги   доживее карактеристиките на готика, ренесанса, барок, историцизам кои се спротивставуваат на модернистичкиот стил на архитектура. Токму овој извонреден контраст во  стариот  град му го  овозможи официјалното признание  од  УНЕСКО на 1ви декември 1999 година  за влез во листата на градови на културно наследство. Грац денес е  место за интернационални средби, во кој се испреплетуваат различни култури и религии. Во 2001  градот  е признаен  од UN за првиот  европски град на човечките права, а  во 2003 година  добива признание за градот на културата во Европа.
Разноликост на јазици.
 Грац е град на кој  му се припишува  висока разноликост на  странски јазици. Тука има седиште и   европскиот центар за модерни јазици на Советот на Европа, чија  задача е  развивање и продлабочување на повеќејазичното размислување на земјите членки. Низ  улиците на  градот може да се чујат повеќе од 100 јазици а во училиштата  регуларно можат да се изучуваат 15 јазици како и  17 јазици да се предаваат на мајчин јазик за мигранти во задолжителните  основни и средни школи. На институтот за превод и толкување на Карл- Франценс Универзитетот како и на институтот за англистика, романистика и славистика може да се студира на 12 јазици. Тreffpunkt sprachen- центарот за јазици  истотака придонесува за плурализам и дидактика на Универзитетот во  Грац и  посветува големо внимание на продлабочување на изучувањето на повеќе јазици. Истотака јазиците се изучуваат на  двата педагошки факултети  и во билингуалното школо (GIBS) кое има за цел  предавањето, учењето и комуникацијата да се реализираат  на повеќе јазици. За понатамошниот развој на јазикот е одговорен центарот за  јазична компетентност Austrian Centre for Language Competence (ÖSZ) кој подржува иновативни пристапи за изучување и предавање на странските јазици во земјата.

Übersetzung: Angela Nikolovska